Connect with us

Општини

Градоначалникот на Струмица нов претседател на Советот на Југоисточниот плански регион

Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков вчера е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, кој го сочинуваат градоначалниците од десетте општини од овој регион, соопштија од Општина Струмица преку нивната фејсбук страница.

Се наведува дека Јанков се заблагодарил на довербата на неговите колеги градоначалници и најавил дека во наредниот период заедно ќе работат на регионални проекти за подобар и поквалитетен живот и во руралните и во градските средини во Југоисточниот плански регион.

Фунцијата претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион трае една година.

Инаку, во десетте општини од Југоистокот ВМРО ДПМНЕ има девет градоначалници, а СДСМ еден во Богданци. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2