Connect with us

Општини

Штип почна со новогодишното украсување и годинава ќе има Новогодишен базар и пречек на Новата 2026 година

Новодишниот базар во Штип почнува на почетокот на наредниот месец, а во меѓувреме се поставуваат новогодишните украси и светилки низ централното градско подрачје, по течението на река Отиња, мостовите, шеталиштето „Ванчо Прќе“, како и на булеварите „Партизанска“ и „Гоце Делчев“.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов најави дека за време на новогодишните и божиќни празници градот Штип ќе  има празнична магија и атмосфера, со новогодишното украсување, накитените елки низ градот, како и со богатата програма и содржини кои ги планираат и за најмалите, како и за повозрасните жители.

-Централното градско подрачје ќе биде украсено и верувам дека ќе го привлече вниманието не само за штипјани, туку и на многу жители на околните населени места, кои ќе доаѓаат наменски во Штип за да си поминат предновогодишно убаво. Имајќи предвид дека освен украсувањето, има и предвидено поставување на Новогодишен базар на типски објекти-куќи, кои ќе бидат позиционирани на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и ќе се служи храна, пијалоци, украси новогодишни, кои ќе бидат во рамки на овој Новогодишен базар, потоа ќе има богата музичка-забавна програма, анимација на најмладите, возрасните, а ќе  учествуваат и децата од детските градинки и од училиштата, изјави Јорданов.

Тој истакна дека и оваа година е планирано пречек на Нова година на шеталиштето „Ванчо Прќе“ со познати музички имиња. За осветлување, украсување и Новогодишниот базар се предвидени повеќе од 50 000 евра, а кои треба да создадат вистинска зимска бајка.

-Предвидуваме исто така и пречек на Нова година на шеталиштето „Ванчо Прќе“ со познати музички имиња, кои во следните денови ќе бидат познати за јавноста. Верувам дека на тој начин ќе успееме да ја испратиме 2025 со позитивна атмосфера. Повеќе од 50 000 евра се предвидени за осветлувањето и украсувањето, како и сето она што ќе биде предвидено на шеталиштето, заедно со Новогодишниот базар и со поставувањето на типските куќи, изјави Јорданов.

Штип лани беше меѓу трите градови во земјата, во кои се чувствуваше празнична атмосфера и беа најубаво украсени за новогодишните и божиќните празници.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4