Connect with us

Општини

Реконструкција на две повеќенаменски спортски игралишта во Охрид

Со средства од буџетот на Општина Охрид, обезбедени преку Проектот за изградба и реконструкција на спортските игралишта, во тек е реконструкција на две повеќенаменски спортски игралишта во градот.

Градоначалникот Кирил Пецаков на својот фејсбук-профил соопшти дека се спроведуваат градежни активности за реконструкција на повеќенаменското игралиште во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача, наменето за спорт и рекреација на учениците.

Реконструкција се врши и на игралиштето во станбениот комплекс на улицата „7 Ноември“, наспроти поранешната управна зграда на „Отекс“. Пецаков посочи дека тоа игралиште за баскет ќе биде опремено и со фитнес-реквизити наменети за жителите од тој дел на градот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4