Скопје
Општина Аеродром го расчистува запуштениот објект на поранешен „Мекдоналдс“, на сопствениците ќе им испорача фактура за чистењето
Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот ресторан „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект, но фактрата за извршената работа ќе ја достават до сопствениците
кипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот ресторан „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект, но фактрата за извршената работа ќе ја достават до сопствениците кои не ја исчистиле иако тоа од нив било побарано.
-Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа, на терен излегоа комуналните екипи на Општината, информираат од Општина Аеродром.
По уредувањето, додаваат од Општина Аеродром, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи.
Општина Аеродром, велат оттаму, останува посветена на чиста, безбедна и уредна средина и ќе продолжи решително да реагира секаде каде што сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.
ноември 19, 2025

