Connect with us

Скопје

Донација на храна за кучињата во „Лајка“ во вредност од над 200.000 денари

ЈП „Лајка“ со гордост објавува дека доби значајна донација – храна за кучињата во вредност од над 200.000 денари. Оваа донација претставува огромна поддршка во секојдневната грижа за повеќе од 1000 животни кои поминуваат низ прифатилиштето секоја година, се вели во соопштението од ЈП „Лајка“ кое МИА го објавува интегрално.

-Исклучително сме благодарни на Кам Маркет за нивната солидарност и чувствителност кон напуштените животни. Таквите партнери се од клучно значење за нашата мисија – секое куче да добие шанса за подобар живот, се вели во соопштението.

Оваа донација е уште еден пример како општествено одговорните компании играат важна улога во подобрување на благосостојбата на животните и во поддршка на заедницата. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3