Connect with us

Општини

Денот на ослободувањето на Тетово одбележан пред Споменикот на револуцијата

Пред паднатите борци почит изразија делегации на општината, Сојузот на борците од Тетово, нивните соборци од Гостивар, тетовскиот гарнизон на Армијата на Република Македонија, СВР Тетово, општинските ограноци на политичките партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, резервните старешини, здруженијата на пензионерите, трудовите инвалиди со нивните гости од Скопје и Прилеп, армиските и полициските ветерани, здружението Бедем, претставници на српската заедница и македонско хрватското друштво, како и и историската секција на учениците од ОУ Андреја Савевски Кукуш од Тетово.

Присутните на прославата побараа за следното празнување на датуми и настани од НОБ до постојниот споменик да бидат поставени бистите на народните херои Тодор Ципоски Мерџан и Ѓоце Стојчески Амбарче што беа отстранети од градскиот плоштад пред околу пет години, поради неговата обнова, но од тогаш не се вратени.

– Ослободувањето на Тетово пред 69 години од окупаторот и домашните предавници значеше ослободување на Македонија. Во текот на борбите за слобода Тетово даде три партизански одреди и двајца народни херои Мерџан и Амбарче чиишто херојски животи вечно ќе бидат втемелени во историјата на градот но за жал и денешното чествување поминува без нивните бисти. Бараме од сите институции и органи во државата и општината да го решат ова прашање. Одбележувањето на датумите и настаните од народноослободителната војна на Македонија претставува законска, цивилизациска и морална обврска кон борците и сите граѓани на Македонија, рече историчарот и член на претседателството на тетовскиот огранок на Сојузот на борците Јоцко Димитриески.

Од Сојузот на борци побарале локалната самоуправа да дозволи бистите да бидат поставени до ова спомен обележје.

– Овој собир покажува дека постои желба овој празник да продолжи да се чествува. Ние како здружение составивме комисија која треба да појде кај градоначалникот за да се вратат спомениците на народните херои што е можно поскоро, изјави секретарот на Сојуз на борци – Тетово, Момир Јаниќ.

НОБ во Македонија започна на 11 октомври 1941 година, со нападот врз бугарската полициска станица во Прилеп, а заврши со ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2