Connect with us

Свет

Захарова: Кубилиус ја „урочи“ Украина со најавата за распоредување на нејзини војници во ЕУ

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека европскиот комесар за одбрана, Андриус Кубилиус, ја „урочил“ иднината на Украина со тоа што зборувал за намерата за стационирање нејзини војници во Европската унија (ЕУ), бидејќи тогаш на Киев „повеќе нема да му бидат потребни“.

– Мислам дека тој буквално ја предвиде иднината на Украина: судејќи според неговата прогноза, повеќе нема да и требаат вооружените сили, изјави Захарова за Тас.

Кубилиус претходно предложи распоредување на „украински батаљони“ во земјите од ЕУ што граничат со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, а исто така предложи да се почне со распоредување на украински војници првенствено во Литванија со цел да се пренесе борбеното искуство од модерното војување низ целиот блок.

– И би било добро ако украинската армија, искусна во борба, откако ќе се воспостави мир во Украина, биде подготвена да биде присутна во сите земји од нашиот пограничен регион. Почнувајќи од балтичкиот регион. И во Литванија – покрај германската бригада и ротирачките американски батаљони. Како дополнителна гаранција за нашата безбедност, изјави неодамна европскиот комесар на конференција во Литванија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3