Connect with us

Општини

Во Гостивар се одбележува 18 Ноември, Денот на ослободувањето

Со низа активности вчера и денес во Гостивар се одбележуваат 81 година од ослободувањето на Гостивар. Претпладнево, со положување на цвеќе и пригоден собир пред споменикот во градскиот парк беше оддадена почит на жртвите во Втората светска војна од гостиварскиот крај.

За важноста и историскиот аспект на празникот во говорот потсети претседателот на Општинскиот одбор на сојузот на борци Гостивар, Радислав Ѓиноски, кој меѓу другото кажа дека од 18 ноември 1944 година Гостивар опстојува како слободен град.

-Денес заеднички го одбележуваме најзначајниот ден од историјата на нашиот град. Токму затоа, денес се навраќаме пред 81 година за да се потсетиме и да им оддадеме почит на нашите претходници. Затоа, наша обврска и задача е да ја чуваме слободата, рече Ѓиноски.

Одбележувањето на празникот, започна синоќа со отворање на изложбата на фотографии од минатото на Гостивар. Во големата сала на центарот за култура „АСНОМ“ се одржа и свечена академија со културно-уметничка програма и беа доделени признанија на ученици кои испратија литературни творби на традиционалниот литературен конкурс. Одбележувањето на празникот ќе се заокружи вечерва со целовечерен концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4