Свет
Павел му се закани на Бабиш дека нема да го назначи за чешки премиер
Чешкиот претседател Петр Павел се закани дека нема да го назначи Андреј Бабиш, победникот на неодамнешните парламентарни избори, за премиер поради судир на интереси.
Павел денес изјави дека Бабиш, лидерот на популистичката партија АНО и еден од најбогатите Чеси, мора да избере помеѓу улогата на претприемач и политичар. „Доколку Андреј Бабиш не успее да го надмине својот судир на интереси, со неговото назначување би придонел за создавање нелегална ситуација“, кажа прозападниот чешки претседател, поранешен генерал на НАТО
Павел изјави дека најдобро би било победничката партија да номинира друг кандидат за функцијата премиер. Во Чешка од 2007 година е на сила закон за спречување на судир на интереси, пишува германската агенција ДПА.
Партијата на Андреј Бабиш, милијардер кој е критичен кон Европската Унија и НАТО, победи на парламентарните избори во октомври со 34,5 проценти од гласовите.
Бабиш веќе беше премиер од 2017 до 2021 година, а тогаш ја предаде контролата врз своите компании на фондација, која во меѓувреме ја распушти, а сега одбива да разјасни дали ќе го повтори тој маневар.
ноември 18, 2025

