Connect with us

Култура

Македонскиот КИЦ во Софија се вклучува во 10. издание на проектот „Поезија во метрото“

Десеттото издание на проектот „Европска поезија во вагоните и станиците на Софиското метро“ ќе се реализира од денеска до 15 декември, кога во вагоните и станиците на метрото во Софија ќе се чита европска поезија, а Македонскиот културно-информативен центар втор пат се вклучува меѓу организаторите.

Македонскиот КИЦ во Софија ја претставува кратката песна „Јазикот“ од Михајло Свидерски, во превод од Јаница Радева.

Како што се наведува во соопштението на Центарот, проектот е инициран од Полскиот институт во Софија, а во него се вклучени европските културни центри од кластерот на ЕУНИК, странски амбасади во Софија, Општината на главниот град – Софија, Бугарското национално радио и телевизија.

Секоја година организаторите на „Поезија во метрото“ објавуваат тема според која секој странски центар избира кратко поетско дело и истото за времетраењето на проектот е претставено во печатен вид во вагоните и станиците на Софиското метро. Голем број граѓани на Софија имаат можност да ги прочитаат песните на оригиналниот јазик, како и во превод на бугарски јазик.

Овогодишното издание на проектот вклучува дваесет и пет поетски имиња: Лорена Пирхер (Австрија), Макс Темерман (Белгија), Људмила Миндова (Бугарија), Херман Хесе (Германија), Никифорос Вретакос (Грција), Јоханес В. Јенсен (Данска), Ивен Боланд (Ирска), Луис Розалес (Шпанија), Свети Франциск Асишки (Италија), Владс Бразјунас (Литванија), Пит Хјоролд (Луксембург), Ингер Хагерјуп (Норвешка), Радјард Киплинг (Велика Британија), Чеслав Милош (Полска), Жоао Луиш Барето Гимараеш (Португалија), Никита Станеску (Романија), Михајло Свидерски (Македонија), Јурај Куњак (Словачка), Едвард Коцбек (Словенија), Максим Кривцов (Украина), Имре Оравец (Унгарија), Хели Лаксонен (Финска), Жан Метелус (Франција), Вит Јанота (Чешка), Жак Шесекс (Швајцарија).

Официјалното отворање на проектот ќе се одржи вечер  од 18:30 часот во Полскиот институт во Софија. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1