Култура
Велешкиот театар со претставата „Синиот портокал“ гостува во Сплит
Претставата „Синиот портокал“ на велешкиот Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ вечерва ќе ја гледа публика во Градскиот реатар во Сплит, Хрватска.
Гостувањето на „Синиот портокал“ е дел од програмата на манифестацијата „15. Македонска културна есен во Сплит“ организирана од Заедницата на Македонците во Хрватска и од Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит.
Претставата е по текст на Џон Пенхол од Велика Британија, во режија на Александар Ивановски, а во неа играат актерите: Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и од неодамна и Благојчо Стојанов, кој го земени прерано починатот актер Самоил Стојановски.
Претставата е една од најдолго прикажуваната претстава на репертоарот на велешкиот театар и картите веднаш се расподаваат.
Гостувала и на други театарски сцени во земјава и странство и добитник е на повеќе награди. На фестивалот Актерот на Европа 2022 ја доби наградата за најдобра претстава од публиката.
ноември 17, 2025

