Connect with us

Општини

Трипуновски: Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп, Александар Алексовски, на која се разговараше за почетокот на откупот на тутун од реколта 2025 година.

-Се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година, согласно процедурите, мострите во текот на денешниот ден ќе бидат подигнати, што значи дека од утре ќе може да се почне со откуп на тутун, истакна министерот Трипуновски по средбата во Прилеп.

Нагласи дека според информациите добиени од директорот на Тутунскиот комбинат, на сите пунктови кои се веќе пријавени, во текот на утрешниот ден ќе започне откупот на тутун и ќе трае согласно законските рокови.

Министерот Трипуновски посочи дека оваа година имаме тутун со одличен квалитет, со што се продолжува традицијата на квалитетно производство.

-Минатата година постигнавме сериозен успех, имаме околу 11 отсто зголемени површини од пријавени земјоделски стопанства во делот на одгледувачи на тутун. Тоа значи дека веќе го враќаме овој стратешки производ на пиедесталот, појасни министерот и додаде дека Министерството останува посветено и ќе го следи целиот процес на откупување на тутунот преку Државниот инспекторат за земјоделство, кој е надлежен за откуп на земјоделските производи.

Нагласи дека се надева оти оваа година ќе имаме поуспешна откупна сезона на тутун.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2