Connect with us

Скопје

Стапува на сила забраната за фрлање ѓубре после 22:00 часот, инскпектори ќе казнуваат во три смени

Стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите. Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои од утре ќе работат во три смени, односно 24 часа.

Градот располага со 20 комунални инспектори и 20 комунални редари, кои ќе бидат постојано на терен. Главната цел на акцијата, како што наведуваат надлежните, е да се утврди каде правните и угостителските субјекти го одложуваат отпадот.

„Веднаш по утрешното објавување на одлуката во Службен весник, инспекторите ќе добијат нов распоред за тросменско работење. Ќе бидат вклучени сите комунални инспектори и комунални редари, а прекршоците ќе ги констатираат на лице место“, изјави новиот директор на „Комунална хигиена“, Драги Митковски за Сител ТВ.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3