Connect with us

Сервисни информации

Облачно со температури до 19 степени

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што информира УХМР, следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од утре ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни, кои ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2