Општини
Нивото на водата во Охридското Езеро осум сантиметри под просекот за ноември
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.21 метри надморска височина или осум сантиметри под месечниот просек.
Според последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото е 11 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина.
Температурата на водата денеска изнесува 13 степени Целзиусови што е речиси идентично на просекот за ноември (12,9 степени).
ноември 17, 2025

