Connect with us

Општини

Избор на 20 бизнис идеи кои ќе се борат за милион денари во натпреварот „Средношколец Милионер“

Дваесетте најдобри средношколски тимови кои продолжуваат во полуфиналето на натпреварот „Средношколец Милионер“ ќе бидат избрани вечер, а селекцијата следува по повеќенеделна работа, гласање и стотици исфилтрирани идеи.

– После десетици илјади гласови од публиката, од над педесет амбициозни идеи, само дваесет ќе направат чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари. Во рамките на натпреварот, 53-те избрани тимови во втората фаза веќе постигнаа исклучителен резултат – успеаја да соберат над 34.000 гласа вкупно за нивните идеи. За да ги промовираат своите идеи ангажираа инфлуенсери, самите снимаа промотивни видеа, осмислуваа креативни кампањи и контактираа медиуми. Тоа е нивниот прв реален тест: како нивниот производ или услуга ќе биде прифатен на „пазарот“. И првата лекција што ја научија е токму оваа – идејата вреди онолку колку што успеваш да ја пренесеш до луѓето и да добиеш вистински фидбек, соопшти Бреинстер медија тим.

Како што посочуваат, секој тим кој ќе биде избран вечер влегува во ново поглавје – подготовка за полуфиналниот pitch. Во оваа фаза, полуфиналистите ќе имаат само 90 секунди да ја раскажат својата идеја на најефективен можен начин, директно пред Петар Ниновски, основачот на Бреинстер групацијата, компанија која стои зад Brainster Next College, NU High School Academy и Ai@Work .

– Победниците од полуфиналето ќе презентираат пред пет инвеститори во големото финале. Тие ќе ја слушаат нивната идеја онака како што слушаат реални стартапи – критички, внимателно и со јасна цел: да откријат дали им е презентирана бизнис идеја во кој би поверувале и би инвестирале?, се вели во соопштението.

Од 24 ноември започнуваат и менторските сесии – серија од четири онлајн предавања со врвни експерти од Бреинстер групацијата. Овие сесии, појаснуваатм ќе им помогнат на полуфиналистите да го дефинираат својот бренд, да разберат како се гради идеја што има потенцијал за раст, да научат како се креира комуникација што продава и да се подготват за кратко, силно и уверливо излагање пред жирито и публиката.

Сите учесници кои нема да бидат дел од ТОП 20, а имаа идеја меѓу 53-те селектирани во претходната фаза, ќе имаат можност да ги следат менторските сесии.

Од Бреинстер тимот истакнуваат дека вечер ќе се дознае ТОП 20 групата што продолжува понатаму, а регистрацијата за следење е на линкот: https://milioner.mk/event-top20

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1