Скопје
Град Скопје започнува со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром
Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром.
„После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во Аеродром. Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, го означивме почетокот на овој значаен инфраструктурен зафат. „Фрањо Клуз“ е улица која игра клучна улога во урбаниот дел на општината, сообраќајница што секојдневно ја користат илјадници граѓани“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски .
Со овој зафат, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи. Се врши реконструкција во должина од 390 метри, со два нови слоја асфалт, нови тротоари од двете страни и продолжување на постојната атмосферска канализација.
ноември 17, 2025

