Connect with us

Општини

Средношколци од Велес во топ 50 на државниот натпревар од Brainster

Гласањето за младинскиот проек Nex$tep Finance, зад кој стои тимот од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес, составен од Стефан Поповски, Ивана Милошева, Ангела Здравковска, Димитри Кочов, Лука Панов и Мариjа Михалова е отворено до вечерва на полноќ. Тие развиле интерактивна мобилна апликација и веб-платформа која го трансформира учењето за личните финансии во игра.

Гласањето се одвива преку платформата на Brainster и на линкот за натпреварот milioner.mk, каде што граѓаните можат да дадат поддршка за проектот Nex$tep Finance.

Како што информира за МИА членот на тимот Стефан Поповски, тие изработиле веб-страница со квизови и предизвици, буџет-симулатори, рангирања и натпревари, форум и бесплатни онлајн консултации со експерти.

-Нашата визија е практична и јасна – сакаме да изградиме генерација млади кои умеат да буџетираат, штедат, заработуваат и инвестираат уште пред да наполат 20 години, истакна Поповски.

Тимот работи на креирање содржини прилагодени на реалните потреби на младите од различни градови и региони. Во план се и дополнителни функционалности, како систем на поени, дигитални беџови и награди во вид на стажирања и обуки овозможени од партнерски компании.

Проектот Nex$tep Finance веќе се вброи меѓу топ 50 тимови на државниот натпревар организиран од Brainster, што претставува значајно признание за нивната иновативност и посветеност.

Тимот апелира до граѓаните да гласаат, бидејќи на тој начин ќе помогнат да се прошири платформата и да допрат до повеќе млади.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2