Connect with us

Кошарка

Митрашиновиќ влезе во историјата на македонската кошарка

Капитенот на македонската женска кошаркарска репрезентација Анџелика Митрашиновиќ дојде од бројка од 419 поени, со кои го надмина рекородот на Моника Гавриловска ( 403 поени).

Митрашиновиќ вчеравечер во поразот со Грција постигна 23 поени и стана најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација.

– Нормално дека ми е драго кога ќе го чујам тоа. Макар, еве досега, до овој момент не ни помислив, не сум ни размислувала за една ваква работа, … Сепак, тоа е еден огромен успех, на личен план. И да, не сум навикната да зборувам, лично за себе, подобро е другите да зборуваат, оценуваат, коментираат, изјави новата рекордерка.

Инаку, Митрашиновиќ го одигра својот 33. натпревар во националниот дрес, па извесно е дека ова нејзино постигнување од натпревар во натпревар ќе расте.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1