Општини
Марина Крстиќ именувана за заменик градоначалник на Општина Битола
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски ја именува Марина Крстиќ за свој заменик.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека Марина Крстиќ е членка на Советот на Општина Битола од листата на ВМРО-ДПМНЕ.
Функцијата заменик градоначалник Крстиќ ќе ја врши согласно Законот за локална самоуправа и ќе го заменува градоначалникот Коњановски во негово отсуство или при доверени задачи согласно закон.
ноември 15, 2025

