Општини
Градоначалникот Јанков назначи в.д. директори на „Комуналец“ и „Паркиралишта“
Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков денеска објави на неговиот фејсбук профил дека ги назначил Кире Синдраковски за в.д. директор на ЈКПД „Комуналец“ Струмица и Александар Петровски на ЈП „Паркиралишта Струмица“.
-И двајцата ги познавам како чесни и енергични луѓе кои доаѓат од приватниот сектор каде успешно работат повеќе години. Се надевам и побарав од нив лично да го вложат својот целокупен човечки, професионален потенцијал и заедно со кадрите во претпријатијата и граѓаните да направиме промени во работата и услугите на овие претпријатија, напиша струмичкиот градоначалник.
Инаку, Синдраковски е член на Советот на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и по назначувањето за директор на комуналното претпријатие неговото место во Советот ќе го преземе наредниот од листата.
ноември 15, 2025

