Култура
„Љубов за сите“ во чест на Андријана Мациев и автобиографската книгата „Јас сум жива“ ја наполнија салата за промоции на ЦК „Бели мугри“
Литературно-ликовниот-настан „Љубов за сите“, полн со емоции, посветен на ликовниот уменик Андријана Мациев, синоќа ја наполни малата сала во ЦК „Бели мугри“ во Кочани. Пред посетителите се најдоа петнаесетина слики од три циклуси изработени од Андријана, ќерка на естрадниот уметник Јулија Мациевска.

Сепак, централното место на овој настан од културата во Кочани, го имаше промоцијата на автобиографското дело „Јас сум жива“, книга започната од Андријана, завршена од Јулија.

Андријана Мациев почина во 2022 година на 41-годишна возраст. Беше член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Зад себе остави триесетина самостојни и учество на повеќе од сто групни изложби во Македонија и опкружувањето.

Книгата „Јас сум жива“ на мајката и ќерката Мациевски, според Јулија, претставува разголување на сопствената душа до болка и живо сведоштво за животот на земјата и животот од другата димензија после преминот.


