Connect with us

Кошарка

Јокиќ постигна 55 поени во триумфот на Денвер против Клиперс

Денвер рано утрово на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес клиперс на гостински терен со 130:116. Центарот на нагетс, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим со 55 поени, 12 скока и шест асистенции.

Свој ден имаше и Стеф Кари кој постигна 46 поени во победата на Голден Стејт над Сан Антонио со 125:120. Во поразениот тим Виктор Вембањама оствари трипл-дабл со 31 гол, 15 асистенции и 11 асистенции. 

Денвер го доби својот деветти натпревар во сезоната, губејќи само два, и се наоѓа на 2. место на табелата во Западната конференција на НБА-лигата. Лидер е тимот на Оклахома Сити со биланс 12-1. Клиперси, со три победи и осум порази, се на 12. место.

Во Источната конференција води Детроит со 10-2 (победи-порази), пред Кливленд со 8-4.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3