Connect with us

Општини

Се расчистува теренот околу штипската Автобуска станица за изградба на вториот „Лидл“ маркет

Почна расчистување на теренот околу Автобуската станица во Штип, каде што треба да се гради вториот „Лидл“ маркет.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов потврдува дека на оваа локација ќе има и маркет, но и Автобуска станица со поразличен изглед од сегашниот. Дополнително во напредна фаза се активностите и за изградба на првиот Лидл маркет кој се наоѓа на булеварот „Партизанска“, спорти старото Нервно одделение.

Се очекува и двата маркети да започнат со работа во текот на 2026 година.

-Согласно плановите на оваа компанија во Општина Штип се предвидени два „Лидл“ маркети. Едниот е веднаш до булеварот „Партизанска“ веќе е во напредна фаза и таму се изведуваат предвидените активности. Верувам дека во 2026 година истиот овој објект ќе биде ставен во функција. Втората локација на која треба да се започне со работа е кај Автобуската станица. Овде се предвидени два објекти, еден за Лидл, а вториот помал објект за една поразлична автобуска станица од досегашната, изјави Јорданов. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1