Connect with us

Општини

Општина Битола ја подготвува Зимската служба за претстојната сезона

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски одржаа координативен состанок со преставници на институциите кои ја формираат локалната Зимска служба.

Целта на состанокот беше да се извршат навремени подготовки во пресрет на зимската сезона, информираа од Општина Битола.

-Деталната програма го дефинира обемот на работите и задолженијата на директните учесници вклучени во реализација на оваа Програма, како и начинот на нивното делување. Навременото организирање и планирање на интервенциите е со цел подготвеност на зимската служба за соодветно постапување во зимски услови, соопштија од секторот за односи со јавност.

Координативно тело за спроведување на програмата го формира градоначалникот и во него членуваат претставници на Комисијата за јавни комунални дејности на Советот на Општина Битола, јавната администрација на Општина Битола, Општински инспекторат, јавни претпријатија, СВР Битола и Дирекција за заштита и спасување – Битола. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2