Connect with us

Култура

Македонска амбасада во Тирана со сочувство по смртта на професорката Славица Свидерска

Македонската амбасада во Тирана изрази длабоко сочувство до семејството на  Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици, при Универзитетот во Тирана.

-Денес нашата Амбасада ја обви тишина и тага. Замина нашата драга колешка, професорката и лектор по македонски јазик на Универзитетот во Тирана, Славица Свидерска – жена со благородна душа, тивка, силна и со неизмерна љубов кон луѓето, стои во објавата на амбасадата.

Славица не беше само дел од нашиот тим, туку и дел од нашите секојдневни радости, разговори и насмевки.

Кон работата се однесуваше како да е светлина, ја ширеше љубовта кон зборот додека во нејзините реченици секогаш нè потсетуваше дека убавината живее во едноставноста на искреноста. 

-Ќе ја паметиме по добрината, скромноста и топлината што ја оставаше зад себе. Нејзиниот дух ќе остане со нас – во секој збор и во секоја мисла. Овој свет изгуби едена прекрасна личност, а другиот свет доби ангел. Почивај во мир, драга Славица. Благодариме за сè, се наведува во објавата.

Славица Гаџова Свидерска родена во Битола 1984 година е македонски поет, преведувач, есеист, теоретичар на книжевноста, доктор на филолошки науки. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3