Connect with us

Култура

МАЕИ: Свидерска беше верен чувар на македонскиот јазик и култура

Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), смртта на професорката Славица Свидерска, ја смета за огромна загуба на верниот чувар на македонскиот јазик и култура.

-Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Славица Гаџова Свидерска, лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана, поетеса, преведувач и доктор на филолошки науки. Во име на Македонците во Албанија изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, пријателите и колегите, стои во објавата на МАЕИ.

Професорката Славица беше голем пријател на Македонците во Албанија и верен чувар на македонскиот јазик и култура.

Со својата посветеност и благородна работа остави неизбришлива трага меѓу студентите и сите што имаа чест да ја познаваат.

Сочувство до семејството на Свидерска, изразија и македонските друштва и здруженија во Албанија, потсетувајќи средби кои ги имале со неа.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1