Connect with us

Скопје

Хуманитарен базар „Симит и погача“ во Дебар Маало

Општина Центар, по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, организира хуманитарен базар „Фестивал на симит и погача во срцето на Скопје“, кој ќе се одржи утре во 10:30 часот пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало.

На хуманитарниот базар посетителите ќе можат да ја дегустираат познатата скопска симит погача, препознатлив симбол на локалната традиција, како и други домашни специјалитети подготвени од Активот на жени пензионерки од Центар.

Во програмата се вклучени пензионерите од Здружението на пензионери на Општина Центар, учениците од основните училишта, членови на Сојузот на борци и претставници од културата и уметноста.

-Фестивалот на симит и погача е посветен на нашето Скопје, но пред се на човечноста. Средствата собрани од хуманитарниот базар ќе бидат донирани за Здружението „Супорт Кочани“. Ги поканувам сите да дојдат, да вкусат дел од центарската традиција и домашната храна и да придонесат за една хумана цел, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1