Скопје
Никола Божиновски избран за претседател на Советот на општина Бутел
Ве известуваме дека денес (12 ноември 2025 год.) во свечена и позитивна атмосфера се одржа првата конститутивна седница на Советот на општина Бутел, на која беа верифицирани мандатите на избраните членови на Советот.
На седницата, д-р Никола Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство гласови беше избран за претседател на Советот на општина Бутел.
Градоначалникот Дарко Костовски му упати честитки на претседателот на Советот и му посака успешна работа. Воедно, градоначалникот нагласи дека искрено и од сè срце се надева на одлична и конструктивна соработка со Советот на општина Бутел и дека заедно ќе реализираат многу проекти за доброто на граѓаните на општина Бутел.
ноември 12, 2025

