Connect with us

Свет

Ламерт: ЕУ ќе ги финансира основањето и работата на Специјалниот суд за Украина

Европската унија ќе го финансира создавањето на Специјалниот суд за злосторства извршени при агресијата врз Украина и ќе обезбедува годишна финансиска поддршка за неговата работа кога тој ќе стане оперативен, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за правда и владеење на правото Маркус Ламерт. 

Тој посочи дека Судот ќе биде финансиран и раководен од потписничките на проширениот делумен договор со кој се предвидува неговото формирање. 

– ЕУ ќе ја финансира работата на подготвителниот тим за формирање на Специјалниот суд. Откако, Трибуналот ќе стане оперативен, Унијата ќе обезбедува годишен задолжителен придонес како полноправен учесник, рече Ламерт. 

Портпаролот додаде и дека ЕУ очекува и други земји да се приклучат кон договорот и да го поддржат основањето на Специјалниот суд. 

На дополнително прашање дали ЕУ се соочува со „финансиски проблеми“ во обезбедувањето средства за основање на Судот, Ламерт не даде одговор, туку само рече дека „работите се во тек“.

Изјавата на Ламерт следи по информациите што ги објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на „извори во институциите на ЕУ“, дека Унија не успеала да обезбеди средства за основање на овој Трибунал. 

Според „Еуроњуз“, истите извори неможноста за финансирање на Судот од страна на ЕУ ја објасниле со намалувањето на помошта за Украина од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. 

– Советот на Европа првично претстави нацрт-буџет кој вклучуваше општи оперативни трошоци поврзани со Трибуналот, во износ од приближно 75 милиони евра годишно, наведе „Еуроњуз“, додавајќи дека се уште не е познато ниту кои држави би учествувале во овој реализацијата на овој проект. 

Претходно, Унгарија и Словачка одбија да ја поддржат иницијативата на ЕУ за основање на ваквиот трибунал, истакнувајќи дека такво тело нема меѓународна правна основа. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3