Кошарка
Атланта им го нанесе петтиот пораз по ред на Клиперси, Харден запиша трипл-дабл
Екипата на Атланта утрово го победи тимот на Лос Анџелес Клиперс со 105:102 на гостински терен во натпревар од НБА-лигата.
Ниту трипл-дабл ефектот на Џејмс Харден (35 поени, 10 скока и 11 асистенции) не беше доволен Клиперси да го избегнат поразот.
Во победничката екипа најефикасен беше Вит Крејчи со 28 поени.
За Клиперс ова беше петти пораз во низа по кој с енајдоа на 1.позиција во Западната конференција.
Атланта е деветта во Источната конференција на НБА.
ноември 11, 2025

