Сервисни информации
Водата во Скопје безбедна за пиење
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 3 до 7 ноември 2025 земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје.
Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
ноември 10, 2025

