Connect with us

Хроника

Приведени две лица осомничени за грабнување и полов напад врз 30-годишна жена

Кривична пријава е поднесена против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР- Охрид.

Додаде дека тие пред два дена околу 19 часот, во село во Дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал Е.В. и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга.

При тоа А.Л. физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал. Потоа го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите се пронајдени и лишени од слобода.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3