Connect with us

Кошарка

Тони Паркер селектор на младата француска репрезентација

Поранешната НБА ѕвезда, Тони Паркер (43), е назначен денеска за селектор на француската кошаркарска репрезентација до 17 години.
Француската кошаркарска федерација објави дека Паркер ќе ја предводи репрезентацијата до 17 години на Светското првенство, кое ќе се одржи во Турција од 27 јуни до 5 јули 2026 година.
„За својата нова кариера разговарав со мојот татко и на обајцата ни се чинеше логично да се почне со репрезентацијата, односно со помлада возрасна група. Аплицирав за работата како селектор на репрезентацијата до 17 години и на 15 октомври, роденденот на татко ми, се јавија од Француската федерација и ми кажаа дека ја имам работата“, изјави Паркер за дневниот весник „Л’Екип“.
Паркер играше во НБА лигата 18 сезони и освои четири шампионски титули со Сан Антонио.
Во 2013 година, со Франција ја освои првата титула на Европското првенство, а кариерата ја заврши во 2019 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2