Connect with us

Скопје

Саем за храна во скопскиот Градски парк, посетителите ќе можат да ги вкусат најдобрите македонски производи

Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи Саемот за храна „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна”. Промовирани ќе бидат производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет.

-Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино, подготвени со внимание и љубов кон традицијата. Ве поканувам да дојдете, секоја ваша поддршка е инвестиција во домашното производство, локалната економија и развојот на руралниот туризам. Заедно да ја негуваме традицијата и да градиме поуспешна иднина за македонското земјоделство, наведува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој ќе се обрати пред присутните учесници и посетители.

Настанот ќе биде збогатен со репертоар на познати музички изведувачи.

Саемот за храна го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1