Connect with us

Сервисни информации

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни.

Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1