Општини
Даниел Јаневски е старо – новиот претседател на Советот на Општина Велес
На денешната втора седница на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски досегашен претседател на Советот, повторно беше избран да претседава и со новиот Совет на општината во наредните четири години.
Тој на советниците им се заблагодари на укажаната доверба повторно да биде избран за претседател.
-. Ова за мене не е само чест туку и голема обврска, да продолжам со работа, која ќе биде во служба на граѓаните и во интерес на развојот на општината. Да донесеме одлуки кои се реални и корисни за Велес. Горд сум што претходниот Совет функциониреше во духот на демократскиот процес, потенцира Јаневски.
Воедно вети дека во новиот мандат да ја унапреди соработка со граѓаните, месните заедници, институциите и дека ќе носат одлуки кои ќе го унапредуваат животот во секој дел на општината.
-Да разговараме за проекти а најмалку за политика, порача Јаневски.
На денешната седница беа избрани и членовите на 11 комисии, тела на Советот на Општина Велес.
Воедно со одлука на градоначалникот Марко Колев, за заменик градоначалник на Општина Велес е избрана Елизабета Митревска.
ноември 8, 2025

