Connect with us

Општини

Во Неготино улични трки во чест на ослободувањето на градот

Во Неготино денеска беа реализирани улични трки, во чест на ослободувањето на градот – 8 Ноември.

-Околу 200 ученици и оваа година зедоа активно учество на традиционалните улични трки во Неготино. Настанот е дел од програмата за одбележување на празникот на општина Неготино – 8 Ноември. Под менторство на своите наставници и професори, ученици од двете основни училишта од градот – „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“, како и ученици од средното училиште „Свети Кирил и Методиј“, учествуваа во натпреварувањето со цел да остварат што е можно подобар пласман. Присутните на градскиот плоштад, каде што беше и целта, имаа можност да следат возбудливи и до крај неизвесни трки, во кои победникот се решаваше во последните метри, напиша градоначалникот Горан Стојанов на Фејсбук.

По завршувањето на трките, беа прогласени најдобрите во неколку категории. Беа доделени дипломи и медали.

-Настанот со своето присуство го збогатија над 120 дечиња од возрасните групи од детската градинка Фемо Кулаков кои продефилираа по главната улица во Неготино, додаде Стојанов.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3