Connect with us

Хроника

Телото на загинатиот тракторист на обдукција, СВР – Велес со детали за несреќата во кавадаречко

Од Секторот за внатрешни работи – Велес попладнево излегоа со детали за загинатиот тракторист на кавадаречкото подрачје.

– Денеска во 09:00 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д., на возраст од 53 години од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот, појаснија од СВР – Велес.

Додаваат дека лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт. – Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, потенцираат од СВР – Велес.

МИА претходно објави дека тракторист денеска загинал во несреќа во кавадаречко. Информацијата за МИА ја потврди Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош во Кавадарци. Несреќата била на патот од градот Кавадарци, кон селото Дреново. 

– Наша медицинска екипа замина на лице место веднаш по дојавата за несреќата. Но, за жал, можела само да констатира смрт кај едно машко лице од селото, родено 1971 година. Лицето починало веднаш, откако се превртел тракторот со кој управувало, појасни Паракеов.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1