Connect with us

Хроника

Страв и вознемирување: Маж удирал по врата и кршел возило среде ноќ

Кумановка пријавила вознемирување и оштетување на возило од лице кое подолг временски период ја вознемирувал нејзината ќерка, соопшти денеска СВР Куманово.
Според информациите од полицијата, кумановката го пријавила случајот, вчера, во 22:50 часот.

– Шеесет и четири годишна жена од Куманово пријавила дека пред нејзиниот дом лицето Б.К. од Куманово, кое подолг временски период ја вознемирувало нејзината ќерка, го оштетило возилото што таа го користи и удирало по влезната врата од куќата – соопшти полицијата.

Од Секторот за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2