Connect with us

Општини

Штип слави 81 година од Денот на ослободувањето

На свечена седница на Советот на Општина Штип  денеска беа доделени 18. Осмоноемвриски признанија, по  повод ослободувањето на градот. Актери, таленти, спортисти, институции, здруженија, граѓански организации кои изминатите години придонеле за развој и афирмација на градот добија признанија за нивните заложби. Признинија се доделија во областа на културата, здравството, уметноста, спортот, образованието.

Признание „8 Ноември“ доби и Клиничка болница- Штип за пожртвуваноста на вработените и посебниот придонес на 16 март кога се случи пожарот во дискотеката ,,Пулс” во Кочани. Тогаш за помалку од еден час беа мобилизирани сите одделенија при КБ Штип, а сите вработени беа на работа за да помогнат на пациентите.

– Оваа награда – Осмоноемвриско признание е од големо значење за сите вработени во КБ Штип бидејќи некој ја детектирал пожртвуваноста на вработените што ја дадоа оваа година и посебно за 16 март, изјави директорот на Болницата Владко Захариев.

Овој ден претставува потсетник за должноста на Општина Штип да ја чува слободата и традицијата, но и да се надоградува, истакна градоначалникот Иван Јорданов во своето обраќање.

– Овој ден не е само историски датум, тоа е потсетник на нашата должност да ја чуваме слободата, да ја надградуваме и да ја оправдаме со дела. Денес нашата борба е поинаква,тоа е борба за подобар живот, за развој и за достоинство, рече Јорданов.

Осмоноемвриски признанија се доделуваат секоја година на поединци, институции, здруженија, кои придонеле за развој и афирмација на Штип

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3