Connect with us

Општини

Пуштена во употреба новоизградена спортска сала во кавадаречко Марена

Во кавадаречкото село Марена денеска беше пуштена во употреба новоизградената спортска сала. Салата се наоѓа во рамките на подрачното училиште до петто одделение, дел од основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци.

– Денеска е навистина посебен ден за нашето училиште и за заедницата во Марена. Со отворањето на новата спортска сала, нашите ученици добиваат современ простор за спорт, дружење и здрав развој. Голема благодарност до градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, и до сите кои ја поддржаа изградбата. Оваа сала е доказ дека кога сме обединети околу заедничка цел, успеваме, рече директорката на „Страшо Пинџур“, Илинка Бакева Тасева. 

Градоначалникот Митко Јанчев појасни дека станува збор за инвестиција вредна околу 20 милиони денари од општинскиот буџет.

-Општина Кавадарци ќе го задржи епитетот на најдобра општина во државата, подвлече Јанчев. 

Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, во изјава за медиуми истакна дека локалната самоуправа подеднакво вложува во сите делови на кавадаречката територија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3