Општини
Подобрени услови за престој на најмладите во детската градинка „Росица“ во Охрид
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска ја посети детската градинка „Росица“, каде во тек се реконструктивни зафати за подобрување на условите за згрижување на деца во објектот.
Изминатиот период е извршена реконструкција на подовите во занималните и холот на објектот, целосно молерисување во сите занимални, ходници и хол, а поставени се и нови плакари за детските креветчиња во сите занимални. Во тек е реконструкција на санитарните јазли.
„Создавањето подобри и побезбедни услови за нашите деца е еден од моите највисоки приоритети. И понатаму ќе продолжиме со вакви инвестиции, со цел да обезбедиме подобри услови за згрижување на најмладите“, истакна Пецаков.
ноември 7, 2025

