Connect with us

Хроника

Македонската полиција спречила шверц на добиток на границата кај Дебар

Според информациите од СВР-Охрид, вчера околу 18:30 часот, при контрола на граничниот појас кај месноста „Спаски дол“, полициски службеници од станицата за граничен премин и надзор „Блато“ пресретнале група од шест лица кои илегално ја преминале македонско-албанската граница и воделе четири телиња без ушни маркици.

– Кога ја забележале полициската патрола, лицата се разбегале назад кон албанската територија, оставајќи го добитокот кој бил без ушна маркица, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Дополни дека надлежни органи преземат мерки за натамошно постапување со добитокот.

Ова е еден од многуте неуспешни обиди на шверц на добиток од македонска на албанска територија, што се одвива преку зелениот појас кај дебарското погранично села Спас, чиј атар се протега долж граничната линија.

Во шверцот се вклучени македонски и албански граѓани, едните го обезбедуваат добитокот а вторите го преземаат, по што го препродаваат во други делови во Албанија. Тоа е поради повисоката цена на месото, но и живиот добиток во Албанија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3