Connect with us

Општини

Конституиран новиот Совет на Општина Велес

Во Општина Велес денеска се одржа првата конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Велес на која беа верификувани мандатите на 23 новоизбрани советници кои во наредните четири години треба да ги решаваат проблемите на жителите од оваа општина.

Тие денеска дадоа свечена изјава дека советничката функција ќе ја извршуваат совесно и одговорно во интерес на граѓаните.

Инаку,  утре треба да се избере новиот претседател на Советот на Општина Велес и 11 Комисии на Советот на Општина Велес.

Советот на Општина Велес го сочинуваат вкупно 23 советници од кои 16 советници се од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, тројца се од СДСМ и коалцијата и тројца од Левица, а една советничка е  од Движењето ЗНАМ.

Во Советот на Општина Велес има 14 жени и девет мажи. Денешната седница ја отвори досегашниот претседател Даниел Јаневски, а со неа раководеше како најстар советикот Слободан Ников од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

На седницата присуствуваше и градоначалникот Марко Колев, кој им го честита мандатот и им вети дека ќе присуствува на секоја седница.Тој  потенцира тие како советници се важни за донесување на секоја одлука во интерес на работата на Општина Велес. Воедно им најави дека заедно  ги очекува многу работа. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2