Култура
Книжевниот превод во фокусот на вториот ден од Фестивалот на современа македонска книжевност во Загреб
ториот ден од Фестивалот на современа македонска книжевност во Загреб на публиката и понуди богата програма во рамките на која беше одржана трибина „Хрватско-македонските културни врски низ призмата на книжевниот превод“ и промоции на книги, соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Загреб кој го организира фестивалот во соработка со издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје.
-На трибината учествуваa Нове Цветановски, Ивица Баковиќ, Борјана Прошев Оливер, Драго Гламузина, Жарко Милениќ, Дамир Каракаш, Роберт Перишиќ, Ивица Пртењача, Лука Вукушиќ, Ранко Младеноски, Блаже Миневски, Владимир Илиевски, Томислав Ровичанац кои се еминентни македонски и хрватски автори, преведувачи, издавачи и професори од катедрата за јужнословенски јазици и книжевности при Филозофскиот факултет во Загреб, соопшти КИЦ Загреб.

Пред голем број присутни се промовирани и книгата раскази „Ви раскажував ли?“ од проф. д-р Борјана Прошев-Оливер, фототипното издание на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и македонското издание на книгата на акад. Горан Калоѓера: „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“, кои ги претставија промоторите Владимир Илиевски, Нове Цветаноски и Ранко Младеноски.
-За последната вечер на Фестивалот е предвидена средба со познатите и најчитаните хрватски писателки за деца Сања Пилиќ и Силвија Шесто и претставување на нивните книги „За мајките сè најдобро“ и „Ванда“, преведени на македонски јазик и неодамна публикувани од „Македоника литера“, информира КИЦ Загреб.
ноември 7, 2025

