Connect with us

Култура

Седмо издание на СТЕЈЏ 2025 – Танцот што ги обединува децата од целиот свет

Сцената на Националната опера и балет овој викенд ќе се претвори во мозаик од движења, бои, емоции и музика: ќе се случува седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар “Стејџ 2025”. Со овој настан Скопје повторно ќе биде центар на талент, креативност и младешка енергија. 

На 8 ноември, цел ден, од 9 до 22:00 часот, на големата и малата сцена на НОБ ќе настапат над 1600 деца и млади танчери од 12 држави, претставувајќи го својот танцов израз низ класичен и современ балет, џез, модерн, акробатски и шоу танц… 

Секој настап има своја приказна – различна, но силна, исполнета со страст, музика и љубов кон сцената.

-„Стејџ” не е само натпревар – туку и прослава на уметноста, детството и различноста. Преку танцот, децата од целиот свет учат да ја разберат и почитуваат културата, да создаваат пријателства и да ја негуваат љубовта кон сцената. Со секое издание, СТЕЈЏ  станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија како земја на култура, талент и инспирација.
Овој наш традиционален настан е потсетник дека вистинската убавина е во креативноста, посветеноста и сплотеноста, а токму тоа е духот што СТЕЈЏ го носи веќе седум години, вели Тамара Ѓурчиновска, организатор и уметнички директор на натпреварот.

Хајлајт на вечерта ќе биде Гала настапот на најдобрите десет изведби (TOP 10), избрани од Меѓународното стручно жири. Талентираните танчери ќе ги добијат највисоките признанија и престижни награди на СТЕЈЏ 2025.

Настанот е организиран од Тамара Ѓурчиновска и балетското студио „Арт Балет“.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1