Општини
Општина Струмица го објави конкурсот за доделување на наградата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“
Општина Струмица го објави конкурсот за доделување на наградата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, која традиционално и оваа година, по повод најголемиот општински празник, ќе биде доделена како Годишна и Награда за животно дело на Општина Струмица.
Наградата се доделува на 11 декември како признание на правни и физички лица од Општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во Македонија и пошироко.
Конкурсот е објавен вчера и трае заклучно со 20 ноември, а повеќе информации може да се добијат на општинската веб страница
ноември 6, 2025

