Фудбал
Компани: Не треба да не зафати еуфорија, но ваква победа против ПСЖ ќе ни даде самодоверба
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше триумфот од 2:1 над ПСЖ синоќа во 4. коло од Лигата на шампионите.
-Знаевме дека сме способни за ова. Треба да останеме смирени, но тоа ќе ни даде самодоверба. Н етреба да не зафати еуфорија. Тимот го направи тоа добро. Моравме да се браниме со десет играчи, а тимот повторно одговори, покажувајќи дека сме способни да се адаптираме и да испорачаме резултати, изјави Компани за веб-страницата на УЕФА.
ПСЖ го претрпе првиот пораз во оваа сезона во Лигата на шампионите и падна на третото место на табелата со девет бода. Баерн се искачи на првото место со максимални 12 бода.
ноември 6, 2025

