Connect with us

Општини

Избраните кандидати за советници во Општина Тетово ги добија уверенијата

Општинската изборна комисија Тетово им ги издаде уверенија на новоизбраните советници кои беа изгласани на локалните избори на 19 октомври. Советот на Општина Тетово има 31 член, од кои коалиција Вреди 13, коалиција Национална Алијанса за Интеграција (НАИ) 12 и ВМРО ДПМНЕ тројца. По еден советник имаат Левица, СДСМ и граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“.

-Јас сум од независната листа „Подобро за Тетово“, се враќаме во советот после 3 години и ќе работиме за да ги заштитиме интересите на градот. Нема да влеземе во пазарење со политичките партии само ќе ги штитиме интересите на градот. Сите одлуки кои што ќе бидат за доброто на градот ќе ги поддржиме и на сите одлуки што ќе бидат во штета на градот ние ќе се спротивставиме, изјави Агрон Арифи.

-Можам да кажаме дека ние ќе работиме заедно се сите па и со советниците од опозициските партии. Ќе работиме сите заедно за да имаме град со што повеќе на инфраструктура, за да имаме подобро образование. Ќе бидеме конструктивни со сите. Тоа веќе се знае ние сме во коалиција ВМРО-ДПМНЕ мислиме дека го имаме мнозинството во Советот, но за тоа ќе бидете известени во наредните денови, рече Јусуф Абдули од коалиција „Вреди“.

Асаф Абдурамани, носител на советничка листа од НАИ истакна дека со 12 советници ја претставуваат опозицијата во Советот на Општината но, и покрај тоа ќе се обидат да бидат конструктивни работата и придонес во работата на граѓаните.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2